ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Ахмети: ДУИ има кадри потребни на овој народ

Ахмети: ДУИ има кадри потребни на овој народ

226

ДУИ има кадри за оваа држава, за овој народ, така што ова е најголемата инвестиција што ја направивме, рече претседателот на ДУИ Али Ахмети вечерва во Скопје каде се одржа Конвенцијата за промоција на кандидатот за претседател Бујар Османи.

„Говорот го започнав со златните зборови од Есат Мекули, бидејќи помалку од четири реда ја раскажуваат целата историја на Албанците во поранешна Југославија. Порано го имаа тоа време за објаснување, но тоа време заврши. Веќе не гледаат како објаснување туку како премиер, како претседател.

Во амфитеатарот каде се правеа антиалбански планови, денес имаме ученици Албанци, плановите на Младиќ пропаднаа, бидејќи секое достигнување го добивме со крв. Денеска го имаме Младиќ во Хаг и се радуваме овде во оваа сала. ДУИ, 22 години не знае за пораз, ние ја добивме секоја битка и воено и тактички.

Заедно со народот постигнуваме се, ние со народот изградивме тврдина која не се урива, со знаме, јазик, традиција, историја, универзитети, па докажуваме дека сме способни и секогаш победници. ДУИ ги крена кадрите за оваа држава, за овој народ, така што ова е најголемата инвестиција што ја направивме. Не е лесно да се мерат со ДУИ, бидејќи сите инвестиравте во националните капитални дела, кои никој не може да ги откорне, рече во својот говор првиот човек на ДУИ, Али Ахмети.