Група од 33 лица е приведена поради поврзаност со Исламска држава и план за напад пред изборите во Турција закажани за 31 март.
Антитерористичката полиција во Сакараја во северозападна Турција во рациите пронашла оружје, пари и документи за организацијата.
Во последната деценија, терористичките напади зачестија во оваа земја. Исламска држава е поврзана и со најсмртоносниот што се случи во 2015 година кога загинаа над 100 луѓе на мировен собир во Анкара.