ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Трагедија на патарина: Македонец пукал во жена му па се самоубил

Трагедија на патарина: Македонец пукал во жена му па се самоубил

397

Во тешката состојба е 38 годишната жена која вчера беше застрелана на патарина пред Прешево. Во неа пукал 52 годишен македонски државјанин од албанска националност.

Македонскиот државјанин и жената биле во „ауди“ со македонски регистарски таблички. Во еден момент сопатничката излегла од автомобилот и почнала да бега. Мажот излегол по неа испукал неколку куршуми и ја ранил, а потоа се одалечил од местото на настанот. Набрзо се вратил и си пукал во глава.

Тој им подлегнал на повредите, а на пукањето и претходела расправија. Мотивите за обидот за убиство и самоубиство не се познати.

Лекарите во Врање се борат за животот на жената.