ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Деца невакцинирани за Ди -Те- Пер од понеделник нема да се примаат...

Деца невакцинирани за Ди -Те- Пер од понеделник нема да се примаат во градинките

86

Денеска на ниво на Скопје има седум нови случаи со тоа бројката стигнува над 130 случаи на голема кашлица во цела Македонија, од кои над 100 случаи се во во Скопје.

Вонредни инспекциски надози ќе почнат од понеделник во детските градинки. Државниот санитарен и здравствен инспекторат ја доби одлуката од министерот за здравство за засилени контроли во градинките во согласност со препораката на Комисијата за заразни болести.

Комисијата препорача нецелосно вакцинираните и невакцинираните деца да не одат во градинка за да се заштит себе, но и другите, поради епидемијата на голема кашлица во Скопје.

Инспекторите ќе ги задолжат одговорните лица во предучилишните установи да изготват список на сите невакцинирани деца со дитепер, ќе им советуваат да не се примаат деца со други инфективни заболувања, како и за секое зголемено отсуство да биде известен Центарот за јавно здравје Скопје.

Денеска на ниво на Скопје има седум нови случаи со тоа бројката стигнува над 130 случаи на голема кашлица во цела Македонија, од кои над 100 случаи се во во Скопје. Од 18 јануари до 29 февруари аплицирани се 22. 395 дози вакцини. Од 15 Март пристигнуваат и вакцините за возрасни ќе се вакцинираат оние луѓе кои имаат новороденчиња во домовите. Исто така и бремените жени во последните три месеци од бременоста може да се вакцинираат со цел да го заштитат новороднчето во првите три месеци од животот.