ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА (ВИДЕО) Силно невреме со врнежи од град го погодија овој македонски град

(ВИДЕО) Силно невреме со врнежи од град го погодија овој македонски град

5816

Силно невреме проследено со град доцна претпладнево го зафати регионот на Гевгелија.

Според фотографиите кои може да се најдат на социјалните мрежи, во Мрзенци целата земја е прекриена со мраз од интензивните врнежи на град.

Дополнително ќе се прават премсетки за предизвиканата евентуална штета на земјоделските култури.

Нестабилноста се очекува да продолжи и во попладневните часови, не е исклучена можноста за ретка појава на ситен град.

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб локален дожд. За време на викендот ќе започне да дува јужен ветер и дневната температура ќе биде во пораст.

Нестабилно време со нови поинтензивни врнежи проследени со грмежи се очекува во почетокот на следната седмица.