ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Пратениците го изгласаа Изборниот законик – ќе се гласа и со „неважечки...

Пратениците го изгласаа Изборниот законик – ќе се гласа и со „неважечки документи“

92

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со што на престојните парламентарни и претседателски избори ќе може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи, односно оние кои не ги промениле со новото уставно име.

Со преодната одредба на законот се уредува правото избирачите да може да гласаат со лична карта или патна исправа чија важност истекла во периодот од девет месеци до денот на одржување на изборите.

Исто така Собранието на 147 седница по скратена постапка го донесе и законот за дополнување и измени на Законот за високото образование.