ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Џафери не прифаќа гласање со стари документи: Има уште 50 дена, граѓаните...

Џафери не прифаќа гласање со стари документи: Има уште 50 дена, граѓаните имаат време да се сликаат

330

Статистиките кои ги побарал техничкиот премиер Талат Џафери говорат дека за еден месец, односно во февруари имало 123.983 барања за пасоши, од кои изготвени се над 95 илјади. Лични карти побарале 82.235 граѓани, а изготвени се на 71.410 граѓани.

„Имајќи предвид дека има уште 50 дена до изборите, со оваа динамика, стоте илјади кои се вртат како информации дека немаат документ, во текот на март месец можат сите да се опремат со соодветен документ.

Но, иницијално е граѓанинот да иницира барање за да има документ. За да имате документ, треба вие да побарате. Сега дојдовме во ситуација граѓани да немаат лични документи. Не сакам да зборам хипотетички што и како ќе правам, туку откако ќе направам, ќе бидете информирани сите, меѓутоа основно е институцијата да си ја врши работата, а не да се правда. Имам право да одам во секоја канцеларија под владата, тоа право ми следува по хиерархија“, кажа Џафери.