ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Мицкоски: Над 27 000 граѓани се потпишале за Силјановска-Давкова

Мицкоски: Над 27 000 граѓани се потпишале за Силјановска-Давкова

74

Мицкоски смета дека ова е серозен патоказ оти народот бара промени

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва објави дека над 27 илјади граѓани се потпишале за кандидатурата на Гордана Силјановска – Давкова за претседателка на државата.

Тој порача дека ова е серозен патоказ оти народот бара промени.

„Условот од 10 илјади потписи е надминат. Ви благодарам за поддршката. Ова е сериозен патоказ дека народот бара промени и дека доаѓа крај на понижувањата, одземеното достоинство и време кога Македонија ќе стане горда држава каде има надеж и иднина!“, објави Мицкоски.

Претходно вечерва, на партискиот Конгрес, лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски се пофали дека собрале над 22 илјади потписи за нивниот претседателски кандидат – Стево Пендаровски.

ПретходнаПендаровски: Ќе се зачленам во ВМРО-ДПМНЕ ако ги внесат Македонците во бугарскиот Устав
СледнаМалолетник со тешки повреди донесен во клиника „Мајка Тереза“ – две различни верзии за тоа што се случило