ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Спасувачка акција на Попова Шапка, жена од Австрија се повреди за време...

Спасувачка акција на Попова Шапка, жена од Австрија се повреди за време на скијање

107

Жената од Австрија која попладнево со хеликоптер беше спасена по пад на Попова Шапка е во добра општа здравствена состојба.

Таа се повреди кај месноста „Орлов Камен“. Поради сериозноста на повредата и податокот дека претходно имала операција на рбетниот столб и на него имала вградена метална шипка со штрафови, било одлучено до Скопје да биде пренесена со хеликоптер.

Како што претходно објави ЦУК, директорот Стојанче Ангелов бил во директна комуникација со спасителите, кои му кажале дека на повредената од почетокот на спасителната акција и е пружена прва помош, соодветно била покриена со фолија за да и се зачува топлината.