ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Лошата вест брзо се прошири: Маж пронајден починат во својот дом во...

Лошата вест брзо се прошири: Маж пронајден починат во својот дом во Македонски Брод

363

80-годишник пронајден починат во својот дом во Макеоднски Брод.

На 29.02.2024 во 12.30 часот во Полициската станица Македонски Брод било пријавено дека во сопствениот дом во село Крапа бил пронајден починат Б.В.(80).

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, увид извршила увидна екипа од ОВР Македонски Брод, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција, соопштија од полицијата во дневниот билтен.