ПОЧЕТНА СВЕТ Холандија спремна да испрати војници во Украина – дали и други држави...

Холандија спремна да испрати војници во Украина – дали и други држави на НАТО ќе го следат примерот?

196

Холандија не ја исклучува можноста во Украина да распореди војници од западните земји, изјави началникот на одбраната на холандските вооружени сили, генерал Оно Ајхелсхајм.

„Мислам дека сите опции треба да бидат отворени, за да видиме како можеме да ја поддржиме Украина на најдобар начин“, изјави Ајхелсхајм за „НЛ тајмс“, коментирајќи ја изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон дека не е исклучено Западот да испрати војници во Украина.

Ајхелсхајм истакна дека Украина не побарала од Холандија да испрати војници и дека „во моментов нема смисла да се зборува за тоа“.

„Кога западните војски би отишле во Украина, тие би морале да бидат во коалиција. Тоа би можело да се организира преку НАТО или некој сојуз од 10-15 земји. Би било многу чудно една или две земји да го направат тоа сами“, додаде тој.

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека „иако не е постигнат консензус за испраќање војници од европските земји на фронтот во Украина, ништо не треба да се исклучи“.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков предупреди дека директен воен конфликт меѓу НАТО и Руската Федерација ќе биде неизбежен доколку во Украина бидат испратени западни војници.

Генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, изјави дека НАТО не планира да испрати своја војска и додаде дека сојузниците на НАТО од 2014 година ѝ даваат на Украина досега невидена помош.

ПретходнаДПИ: Дел од маркетите ги зголемиле цените
СледнаМАКЕДОНИЈА: Маж ќе одговара кривично оти ја претепал својата сопруга