ПОЧЕТНА СВЕТ Германската влада ја зголемува хуманитарната помош за Газа за 20 милиони евра

Германската влада ја зголемува хуманитарната помош за Газа за 20 милиони евра

72

Германската влада ја зголемува за уште 20 милиони евра хуманитарната помош за луѓето во блокираниот Појас Газа, кој со месеци е подложен на непрестајно израелско бомбардирање, објави германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок, цитирана од ДПА.

Сепак, тоа е далеку од доволно за да се задоволат потребите на жителите на Газа, нагласи шефот на германската дипломатија.

-Бројот на камиони кои доставуваат спасоносна храна, лекови и друга помош во Газа нагло се намали во последните недели. Ова е неприфатливо.

Израелската влада мора веднаш да дозволи безбеден и непречен пристап до хуманитарна помош, рече Бербок.

Според податоците на германското Министерство за надворешни работи, Берлин во последната финансиска година обезбедил вкупно 206,5 милиони евра на Агенцијата за помош и работа на Обединетите нации за палестинските бегалци (УНРВА).

Жителите на Газа добија 83 милиони евра од оваа сума.