СДСМ деновиве се фали со нивните економски политики, просечната плата во земјава стигнала до 40 илјади денари а најавуваат дека во новиот мандат, минималната плата како и просечната драстично ќе се зголемат.
Но вака не мисли лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој потсетува и на еден друг факт, поскапувањето на живеачката.
Но што мислат граѓаните и трговците за цените на храната, минималната плата и пензиите?
-Дали граѓаните купуваат како порано?
-40%, како што беше 100% порано сега не доаѓаат толку.
-Зошто мислите дека не купуваат сега?
-Немаат луѓето, сиромаштија, со социјално.
-Колку мислите дека треба да биде минималната плата?
-Најмалку 500 евра, под 500 евра ако е нема шанси да се преживее.
-Кај нас се е скапо.
-Колку мислите дека треба да биде минималната плата?
-Од каде да знам колку треба да биде, но на Балканов се е скапо.
-Немаме работа, имаме многу стока но за да оди работат како што треба, немаме бидејќи буџетот ни е многу мал. Веќе 2 години имаме невработеност, буџетот е слаб, народот нема пари, и да ги намалиме и да ги покачиме цените залудно е ако народот нема пари.
Инаку потрошувачката кошничка е поскапена за 313 денари во февруари. Според извештајот на Сојузот на синдикати за февруари оваа година минималната кошничка изнесува 57.476 денари.