ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА СДСМ се фали со покачување на минималната плата – Мицкоски: Некогаш четврт...

СДСМ се фали со покачување на минималната плата – Мицкоски: Некогаш четврт бурек со јогурт беше 50 денари, сега е 120

136

СДСМ деновиве се фали со нивните економски политики, просечната плата во земјава стигнала до 40 илјади денари а најавуваат дека во новиот мандат, минималната плата како и просечната драстично ќе се зголемат.

Но вака не мисли лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој потсетува и на еден друг факт, поскапувањето на живеачката.

Но што мислат граѓаните и трговците за цените на храната, минималната плата и пензиите?

-Дали граѓаните купуваат како порано?

-40%, како што беше 100% порано сега не доаѓаат толку.

-Зошто мислите дека не купуваат сега?

-Немаат луѓето, сиромаштија, со социјално.

-Колку мислите дека треба да биде минималната плата?

-Најмалку 500 евра, под 500 евра ако е нема шанси да се преживее.

-Кај нас се е скапо.

-Колку мислите дека треба да биде минималната плата?

-Од каде да знам колку треба да биде, но на Балканов се е скапо.

-Немаме работа, имаме многу стока но за да оди работат како што треба, немаме бидејќи буџетот ни е многу мал. Веќе 2 години имаме невработеност, буџетот е слаб, народот нема пари, и да ги намалиме и да ги покачиме цените залудно е ако народот нема пари.

Инаку потрошувачката кошничка е поскапена за 313 денари во февруари. Според извештајот на Сојузот на синдикати за февруари оваа година минималната кошничка изнесува 57.476 денари.