Легендарниот македонски актер Гоце Тодоровски неодамна беше одликуван со Орден за заслуги од претседателот Стево Пендаровски.
Тодоровски, за кој јавноста токму по врачувањето на оваа награда дозна дека има здравствени проблеми, сега сѐ повеќе време поминува со семејството.
Фамилијата Тодоровски го прослави роденденот на ќерката Сашенка, а семејни фотографии објави администраторот на фејсбук-страницата посветена на ликот и делото на Ѓорѓи Колозов.
Нивната објава ви ја пренесуваме во целост.
Скромна семејна идила на фамилијата Тодоровски. На чело со нашата легенда Гоце, потоа славеничката Сашенка, тука се сопругата на Гоце, зетот од ќерка, синот Гоце (крстен по тато) и неговата ќерка Марија и нејзиното момче!