ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Тошковски: Очекував извинување од Џафери, не му доликува на еден премиер така...

Тошковски: Очекував извинување од Џафери, не му доликува на еден премиер така да се однесува

201

Секој може да згреши, и премиерот може да згреши, ама очекував да се извини ако ништо друго. Да излезе наредниот ден и да каже – луѓе се извинувам ова што го направив е многу голем фаул, навистина не доликува на еден премиер така да се однесува во ситем каде има хиерархија, каде под него е вработен во рамки на Министерство за внатрешни работи службеник, вели во интервју за МИА министерот за внатрешни работи во техничката Влада, Панче Тошковски, за ненајавената посета на техничкиот премиер Талат Џафери на СВР Тетово.

Жално е, нагласува Тошковски, граѓаните да се сведоци на едно такво девијантно однесување и посочува дека, Џафрери требало да се извини.

– Жално е, жално е, граѓаните да се сведоци на едно такво девијантно однесување јас би го нарекол. Техничкиот премиер сигурен сум дека не знаел која е госпоѓата. Од кај ќе знае? И јас не знаев. Кога го гледав она срамното видео и јас не знаев која е госпоѓата. Но, требаше да има доблест и да излезе пред македонскиот народ, пред македонските граѓани, особено пред колегите во Министерството. Верувајте ми не знаете колку осуди имав тој ден лично до мене од аспект на односот на техничкиот премиер и да каже, луѓе извинете згрешив. Барем тоа можеше да го направи, вели Тошковски во интервју за МИА.

Техничката Влада, според Тошковски, функционира катастрофално. – Oсновните законски обврски кои што треба да ги почитува, не ги почитува и притоа манипулира, вели Тошковски.

Целосното интервју со министерот за внатрешни работи ќе биде објавено утре. Во него разговараме за проблемот со пасошите, техничката влада и соработката со дополнителниот заменик министер, за тоа каков изборен ден не очекува, како и неговите политички амбиции по изборите.