ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Голема тага вечерва во Македонија – почина еден од најпознатите бизнисмен

Голема тага вечерва во Македонија – почина еден од најпознатите бизнисмен

3770

Почина сопственикот на Аурора Турс, туристичка агенција, како и сопственик на еден од најубавите хотелски ресорти во Македонија, Аурора Берово.

„Македонскиот туристички сектор загуби еден од креаторите и визионерите на македонскиот туризам.

Славе Сирачевски со Аурора Турс и уникатните концепти на Хотел Аурора Берово и Аурора Козјак успеа да докаже дека вложувањата за рурален туризам е голема можност во Македонија и пример за регионот!

Во мое лично име изразувам сочуство на семејството!

Благодарам Славе за многуте совети кои ги сподели со мене и помогна во мојот кариерен развој и развојот на македонскиот туристички сектор.

Почивај во мир Славе“, напиша на својот статус поранешниот директор на Агенцијата за туризам Љупчо Јаневски.