ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА (ВИДЕО) Никола Тасев со разумен предлог до СДСМ и ДУИ: Лесно може...

(ВИДЕО) Никола Тасев со разумен предлог до СДСМ и ДУИ: Лесно може да се реши проблемот со пасошите – еве како

555

На денешното гостување во ТВ 24, колумнистот Никола Тасев се осврна на проблемот со пасошите и даде предлог што треба СДСМ и ДУИ да направат веднаш за да се реши проблемот.

-Исто како со возачките, СДСМ и ДУИ веднаш да се согласат за измени на Законот за патни исправи и пролонгирање на рокот, беше дел од предлогот на Тасев. Целиот предлог погледнете го на видеото во продолжение:

Тасев вели дека на овие избори СДСМ ударот нема да го добие од ВМРО-ДПМНЕ туку од самиот народ. Според него, ситуацијата и расположението е многу слично на 1998 година кога на изборите со големо мнозинство победи ВМРО-ДПМНЕ.

– Не е спорна помошта што ја даваше оваа влада на СДСМ и ДУИ, но спорно е каде ја даваше. Дали е тоа помош која отиде на вистинско место да ѝ помогне на македонската економија или отиде во фирми блиски до власта. Другите мерки сум убеден дека не беа навремени и не беа ефикасни, вели Тасев.

Освен тоа, владеењето на ДУИ и СДСМ ќе го одбележат проблемите со пасошите, вакцините, гасот, покачување на струјата и слично. Ние купувавме енергија два или три пати повисока од берзанската, вели Тасев, и додава дека така немаше ни да бидат потребни субвенции.

На прашањето дека таква е ситуацијата во цела Европа, Тасев одговори:

-Не е точно дека таква е состојбата во цела Европа, таква е состојбата во Македонија. Еве Германија е енергетски независна и лесно се избори со кризата, а Македонија не успеа во тоа, заради неспособноста на власта, додаде Тасев.