Лицето кое учествувало во инцидентот веднаш ќе биде отстрането од обезбедувањето, бараме органите без задршка да постапат и казнат секакво насилство
Споменатото лице за кое медиумите известуваат дека било дел од инцидент е ангажирано како дел од обезбедувањето, но истото не е шеф на обезбедување на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Од она што ни е познато станува збор за лична нетрпеливост меѓу двајцата полициски службеници.
По ваквиот настан, истото ќе биде отстрането од обезбедувањето и нема да има никакви работни ангажмани поврзани со Претседателот на партијата.
Бараме органите, без задршка да ги преземат сите потребни мерки за расветлување на настанот и најостро да казнат секaков вид на насилство, постапувајќи во согласност со законот.
Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ