ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ВМРО-ДПМНЕ го потврди случајот: Познато е како ќе реагираат за нападот од...

ВМРО-ДПМНЕ го потврди случајот: Познато е како ќе реагираат за нападот од страна на обезбедувањето на Мицкоски

224

Лицето кое учествувало во инцидентот веднаш ќе биде отстрането од обезбедувањето, бараме органите без задршка да постапат и казнат секакво насилство

Споменатото лице за кое медиумите известуваат дека било дел од инцидент е ангажирано како дел од обезбедувањето, но истото не е шеф на обезбедување на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Од она што ни е познато станува збор за лична нетрпеливост меѓу двајцата полициски службеници.

По ваквиот настан, истото ќе биде отстрането од обезбедувањето и нема да има никакви работни ангажмани поврзани со Претседателот на партијата.

Бараме органите, без задршка да ги преземат сите потребни мерки за расветлување на настанот и најостро да казнат секaков вид на насилство, постапувајќи во согласност со законот.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

ПретходнаБрутален нокаут: Волкановски остана без појасот (ВИДЕО)
СледнаБОЛЕСНИК: Дедо од Прилеп ја силувал неговата малолетна внука