Фејсбук статус на Ненад Јовановиќ.
Вчера, заробен измеѓу сопственото здравје и мојата слободна волја да бидам жив и здрав, добив телефонски повик од централата на #СДСМ – на мое големо изненадување – со понуда дали сакам да бидам кандидат за пратеник на следните парламентарни избори.
Не сум знаел дека сум толку силен и ценет за таа позиција. Им благодарам за тоа. Ама додека не завршам со решавање на моето здравје, јеби га, овие денови е малку кревко и нежно – и на “киборг” како мене му треба подмачкување и рестартирање – на понудата им се заблагодарив.
Прво здравје, се’ друго за мене во моментот е секундарно и терцијално.
И кога не би се јавиле, за мене коцките се фрлени од моментот кога излегов од дома и почнав да чекорам на некои неистражени подрачја и територии.
Со мене или без мене, верувам во #СДСМ како сила која е најголема и најорганизирана политичка партија во земјава и’ која повторно ќе победи на изборите и оформи влада.