Голема трагедија доцна синоќа во семејството на поранешниот градоначалник на општина Битола, Владимир Талевски.
На само 39. годишна возраст, од срцев удар, почина ќерката на Талески, Марија Талеска Мурговска.
Тој во моментов се наоѓа на издржување казна затвор во затворот во Прилеп.
Денес Владимир ќе биде пуштен од затворот со придружба за да присуствува на погребот.