ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Ахмети за ДУИ, СДСМ со Шекеринска – кандидати за претседатели на Македонија?

Ахмети за ДУИ, СДСМ со Шекеринска – кандидати за претседатели на Македонија?

705

СДСМ ќе оди со Шекеринска, а ДУИ со Али Ахмети за кандидати за претседател на државата.

Кој ќе биде идниот претседателски кандидат на СДСМ?! Деновиве се почесто се слуша името на Радмила Шекеринска како можен кандидат за следен претседател на државата. Според извори на СДСМ таа е еден од најсеризните кандидати, иако сѐ уште не е донесена конечната одлука и не е избрано името на следниот кандидат.

Шекеринска е во политиката уште од нејзината младост, некаде од девдесетите години на минатиот век. Во нејзината политичка кариера се забележани неколку функции – пратеник, министер за евроинтеграции, министер за одбрана, а еден месец беше и в.д. премиер на Македонија. Одреден период беше повлечена далеку од очите на јавноста, но нејзината активација во последниот месец се поврзува со наводно нејзина кандидатура за претседател на државата.

Сѐ уште се споменува и името на Венко Филипче како претендент за кандидат.

20 март е краен рок за официјализирање на претседателските кандидатури. СДСМ најави дека до крајот на месецот ќе ги заврши процедурите за избор на кандидатот за претседател.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети ќе биде кандидат за претседател на Македонија, потврдуваат за А1он извори од партијата. Според нашите извори, информацијата дека ќе се најде на листата на кандидати за шеф на државата Ахмети ја кажал пред неколкумина од раководството на партијата.

Ахмети претходно се размислувал дали воопшто да има кандидат од неговата партија или повторно да го поддржат кандидатот предложен од СДСМ, но откако претседателот на Алијансата за Албанците и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари и официјално потврди дека ќе влезе во трка за претседател, одлучил самиот тој да биде кандидат од ДУИ.

Ова значи дека нема да има место за консензуален кандидат, бидејќи претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски најави дека кандидатот за претседател ќе излезе од редовите на неговата партија и дека профилот на кандидатот што ќе го предложат треба да дели европски вредности, да се залага за заокружување на процесот на европски интеграции на државата до 2030 година и човек кој нема да ги дели граѓаните по ниту еден основ не само етнички, туку и по која било припадност на кој било граѓанин во нашата држава.