До несреќата, што се случи денеска на патот Кочани-Штип, а во која загинаа две лица, а седум се повредени дошло при претекнување.
Јавен обвинител изврши увид на лице место на несреќата и издадени се повеќе наредби за утврдување на причините за несреќата. На увидот присуствуваше и вешто лице од областа на сообраќајот, а според првичните сознанија до несреќата дошло при претекнување.
Издадена е наредба за прибирање траги од лице место, за обдукција на телата на починатите, наредба за испитување на примероци од крв и урина од учесниците во несреќата, а ќе биде наредено и сообраќајно-техничко вештачење.