ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА СДСМ преку Костадиновска Стојчевска го откри кандидатот за претседател на државата –...

СДСМ преку Костадиновска Стојчевска го откри кандидатот за претседател на државата – ОВА малкумина го очекуваа

1798

„Да, техничката влада е функционална, досега имавме конститутивна и две редовни седници, се носат одлуки, со тоа што на едната присуствуваше техничкиот министер за внатрешни работи, а на втората министерот за труд и социјална политика, но според законот за влада имаат право да учествуваат и замениците и дополнителните. На втората седница техничкиот министер на министерството за труд и социјална политика, беше надвор излезен, се појавија заменикот и дополнителната министерка, што значи дека функционира, со оглед на тоа дека покрај организирање на изборите ние сеуште имаме работа, имаме одлуки кои што треба да ги донесеме за да функционира државата онака како што треба,“ рече министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, во емисијата „Анализа 24“ на Телевизија 24, во врска со функционалноста на техничката влада.

Во врска со претседателските кандидати и нивното објавување, министерката Костадиновска Стојчевска, рече дека се уште има одлуки да се донесат пред изборите.

„Процесот за номинирање на кандидатот за претседател започна со консултирање во членството и сите општински организации по широк круг на состаноци, се новинираа разни профили, почнувајќи од сегашниот, Пендаровски, министри, поранешни претседатели итн. Тоа е демократски процес, секој глас да биде слушнат и тие листи понатаму се затвораат. Профилот на претседателот веќе го имаме, а тоа претседател кој ќе биде за сите, ќе го следи патот на интеграција на земјата во ЕУ, претседател кој нема да биде послушник на партијата, туку ќе биде позитивен пример за сите. Кој и да биде номиниран од нашата партија, ќе се консултираме со коалициските партнери. Ние сме партија отворена за сите коалиции, партија која сака да ги има сите на своја страна. – рече Костадиновска Стојчевска.

Таа посочи дека СДСМ кога и да носи одлуки дали за парламентари или претседателски избори секогаш разговара со коалициските партнери.