Детали за монструозното убиство на Нусрет Дестановиќ (27) од Тутин, чие искасапено тело беше пронајдено во бунар во селото Меѓугор, се појавуваат со денови.
Убиството на Нусрет Дестановиќ (27) од Тутин најверојатно било планирано, а се сомнева дека злосторството го договориле љубовницата на Нусрет Р.Х.(27), нејзиниот поранешен сопруг С.А.З., како и уште еден млад човек.
Да потсетиме, Дестановиќ најпрвин беше пријавен за исчезнат и тоа во полиција беше пријавено во четвртокот на 8 февруари, а неговото тело беше пронајдено три дена подоцна во бунар во селото Меѓугор. Истрагата утврдила дека жртвата најпрвин била намамена од телефонот на осомничената Р.Х., а потоа група мажи го претепале и го изболе 22 пати. На крајот му го пресекле грлото и го фрлиле во бунар.
Полицијата трага по С.А.З, осомничен за тешко убиство, а негови соучесници Е.Џ. (18), Е.Х.(40) и Р.Х се уапсени.
– Се сомнева дека кобната вечер, на 8 февруари, во ресторан во Нови Пазар се сретнале Р.Х и нејзиниот поранешен сопруг С.А.З.На таа средба со нив бил уште еден млад човек. Наводно, С.А.З рекол дека ќе го убие Нусрет. Потоа, како што се сомнева, Нусрет бил намамен во смртоносна замка. Осомничениот и испратил порака на Нусрет од телефонот на жената и закажал да се види со него. Р.Х е уапсена бидејќи знаела дека ќе се изврши кривично дело, а не ја известила полицијата ниту направила ништо за да го спречи тоа – објаснува извор на локален медиум.
Како што соопштија, на телефон има и пораки, во кои С.А.З го објавува делото.
– Еден од нас, јас или Нусрет, ќе оди под црна земја! Ќе бидеш сведок кога ќе те повикам пред камера! Добро запомнете го ова што ви го кажав – наводно С.А.З и пратил на поранешната сопруга со која иако се разделиле не прекинале со контакт.