ПОЧЕТНА ЗАБАВА „Сите кредити земени со стари документи, од полноќ се неважечки“ – Твитер...

„Сите кредити земени со стари документи, од полноќ се неважечки“ – Твитер реакции за возачките, пасошите и личните карти

1223

Вистинска бура од реакции се крена во јавноста, откако беше соопштено дека возачките дозволи нема да важат, доколку не стои и придавката „Северна“.

Иако првично ова важеше само за пасошите, односно за излез од државата беше потребно да имате пасош со придавката „Северна“, како гром од ведро небо дојде веста дека ќе следуваат казни за сите возачи на кои на возачката дозвола не пишува „Северна“.

Поради тоа, има и остри реакции во јавноста, а на Твитер секогаш има креативни мисли, дел од нив ви пренесуваме.

„Сите кредити земени со стари документи, на кои не пишува „Северна“, од полноќ се неважечки“.

„Сите бракови односно венчаници на кои не пишува „Северна“ се уништуваат односно браковите се поништуваат“

„Ќе може ли да ја платиме казната за возачките со пари на кои не пишува „Северна“?“