Без присуство на Таравари, во Скопје заседаваше централното претседателство на Алијанса на Албанците. Села побара разрешување на Таравари преку иницијатива што ја поддршаа 108 делегати, а за тоа ќе заседава конгрес.
Партискиот претседател пак во четвртокот во Куманово го свика централно собрание на кое доби поддршка од 85 делегати за одлуката за опозициско престројување.
Каков епилог се очекува по расколот во Алијанса, каде ќе заврши партискиот печат, во рацете на Села или на Таравари?