ПОЧЕТНА СВЕТ „Помош, ме убиваат“: Ова биле последните зборови на бизнисменот кој мафијашки беше...

„Помош, ме убиваат“: Ова биле последните зборови на бизнисменот кој мафијашки беше убиен вчера во Грција (ФОТО)

590

Истрагите на грчката полиција за идентификација и апсење на извршителите на убиството на бизнисменот Христос Гиалија, кој мафијашки беше убиен во средата попладне (7/2) во Мандра се во полн тек.

Според информациите на грчките медиуми, раководните лица во полицијатакои се занимаваат со случајот го чешлаат минатото на бизнисменот, барајќи луѓе кои би имале причини – професионални или финансиски – да ја сакаат неговата ликвидација.

Истовремено, добиле и изјави од двајца пријатели на 59-годишникот, кои би можеле да им помогнат во развојот на истрагата. Еден од пријателите е оној кој со сопствено возило го следел бизнисменот непосредно пред 59-годишникот да биде нападнат од заседа од џелатите. Тој е клучен сведок, бидејќи е единствениот кој можеше да даде подетален опис на она што се одвиваше во тие клучни минути.

Што се однесува до вториот пријател на 59-годишниот, ова е лице со кое жртвата наводно разговарала на телефон непосредно пред да биде застрелан. Според ова лице, откако бизнисменот дознал за напаѓачите, веќе било доцна и се што успеал да каже е „помош, ме убиваат“.

Освен тоа, под лупа на истрагата се најдоа и активностите на бизнисменот, кој бил сопственик на компании за трговија со месо со стотина вработени. Во исто време, тој беше сопственик на три фудбалски тимови, а тоа се АО Трикала, Панелеусинијаку и Мандраикос, а наводно професионално бил активен и во соседна Албанија.