Големата кашлица е сериозно респираторно заболување кое може да доведе до компликации, а лекарите велат дека лесно се шири. Ако има еден заболен лесно може да се рашири во просторот и да се заразат останатите.
Големата „магарешка“ кашлица почнува да коси се пред себе. Ова респираторно заболување претставува страв и трепет за родителите. Вакциналните пунктови се полнат, сè повеќе граѓани ги носат децата за вакцинација со „ди-те-пер“. Во Куманово регистрирани три случаи, сите невакцинирани.
Владата не одговори на препораката на Комисијата за заразни болести
Два дена откако Комисијата даде препорака Владата се уште нема прогласено епидемија за голема кашлица на територија на Град Скопје. Пунктовите сега се отворени и во сабота, а во текот на неделата во две смени.
Појавата на големата кашлица во Град Скопје го зголеми стравот на родителите, а најчесто станува збор за вакцина против ДТП – против дифтерија, тетанус и пертусис.
Многу родители се заинтересирани „дали вакцината предизвикува несакани ефекти“, „Зошто мора да се прими оваа вакцина“, „кој е производителот“, но лекарите ги уверуваат дека нема простор за загриженост и паника.
Утрово големен интерес за вакцинација
Од утрово има зголемен број на вакцинирани. Од болницата Букурешт велат дека денеска бројката која досега била околу 20 вакцинирани дечиња дневно, денеска само до 11 часот е околу 60.
Што се однесува пак до „Зошто мора да се прими оваа вакцина“, кој е производителот,
Бактериската инфекција продолжува да коси се пред себе. Од почетокот на годината регистрирани се 22 деца кои биле најчесто или целосно или делумно невакцинирани.