ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА (ФОТО) Груби фатен на дело, им кажува на неговите директори: Не прифаќајте...

(ФОТО) Груби фатен на дело, им кажува на неговите директори: Не прифаќајте никакво решение од министерот

1480

Вчера техничкиот премиер Талат Џафери достави предлог за разрешување на Фатмир Меџити, од функцијата министер за здравство и Азир Алиу, од функцијата министер за информатичко општество и администрација.

Директорите во здравствените установи добиле вибер порака од вицепремиерот во техничката влада задолжен за координација на политички прашања на ресорите Артан Груби во кои тој бара да не прифаќаат никакви документи решенија потпишани од министерот за здравство Фатмир Меџити, објави порталот Фактор.

Порталот тврди дека ја поседува пораката на Груби до директорите која гласи:

„Почитувани, ниту еден наш директор за здравство НЕ прифаќа никакво решение на министерот во заминување Фатмир Меџити, доколку му треба годишен одмор, боледување или едноставно не ја прифаќа евентуалната одлука на министерот“.

Вчера техничкиот премиер Талат Џафери достави предлог за разрешување на Фатмир Меџити, од функцијата министер за здравство и Азир Алиу, од функцијата министер за информатичко општество и администрација

Барањето за смена на Меџити и на Алиу дојде откако тие го поддржаа претседателот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари, кој најави дека на избори ќе оди заедно со партиите на Албанците кои се во опозиција, а делот од партијата кој го предводи Зијадин Села најави самостоен настап.

Извор: Фактор.мк