ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Македонија ја чека НАЈЛОШАТА година со магарешка кашлица, само едно нешто може...

Македонија ја чека НАЈЛОШАТА година со магарешка кашлица, само едно нешто може да го спречи тоа – еве за што се работи

1305

Во земјава за само неколку месеци се појавија 22 случаи на магарешка кашлица или пертусис, што беше причина Комисијата за заразни болести да препорача прогласување епидемија во Скопје, затоа што таму се најголемиот број од случаите, вкупно 16.

Едно бебе на возраст од само шест недели е хоспитализирано на Клиниката за детски болести, а има и четиригодишно дете хоспитализирано на Детската клиника со истата дијагноза, но и со хронична болест.

Возрасните не се исклучок и тие исто така може да заболат и веќе има случај на 59-годишен пациент кај кого во Скопје со ПЦР метода била детектирана голема кашлица. Единствената заштита против оваа болест што се сметаше за искоренета е ДТПР вакцината, која е дел од задолжителната вакцинација во државата и се прима на два, четири, шест, осумнаесет месеци и на 7 години.

Но, податоците од Институтот за јавно здравје што ги доби ,,Слободен печат” покажуваат тренд на опаѓање на вакцинацијата против магарешка кашлица од 2016 година наваму и тоа за сите дози. Најлоша била состојбата со примањето на ревакцината за 18-месечните деца во 2020 година кога имаше пандемија со коронавирус. Тогаш само 66 проценти од децата во државата примиле вакцина против пертусис.

Доктор Лилјана Којиќ, специјалист педијатар од Клиниката за детски болести, за „Слободен печат“ вели дека во нејзината децениска кариера годинава за првпат во живо видела бебе кое има пертусис. Запрашана како изгледа заболувањето, таа вели дека во периодот кога бебето нема напади на кашлица, тоа може да изгледа сосема лесно болно, но дека следува напад на кашлица во кој почнуваат сите големи сомнежи.

– Мене ова ми е првпат во живо да видам пертусис, до сега од книга сме ја учеле болеста, благодарение на добриот и квалитетен процес на вакцинирање. Почнува кашлица која трае прилично долго и додека трае тој напад бебето помодрува комплетно. Едвај доаѓа до воздух. Нападите доаѓаат па се смируваат, наизменично. Кога ќе се смири нападот бебето е комплетно исцрпено, но нападот на кашлица кој е долг, делува страшно измачувачки, опишува таа.

Целиот текст на Слободен Печат