ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Лекарите предупредуваат: Ова што се случува во Македонија со здравјето е КРАЈНО...

Лекарите предупредуваат: Ова што се случува во Македонија со здравјето е КРАЈНО ОПАСНО – откриени се четири нови случаи на голема кашлица

4051

Со ова, како што информираат од Комисијата за заразни болести бројот е зголемен на 22 од почетокот на годината.

Четири нови случаи на голема кашлица се евидентирани во земјава. Со ова, како што информира портпаролот на Комисијата за заразни болести Злате Мехмедовиќ, бројот е зголемен на 22 од почетокот на годината.

Од Комисијата за заразни болести вчера предложија прогласување епидемија на територијата на град Скопје. Предлогот го оправдуваат со растот на бројот на заболени, каде што во Скопје, вчера имаше 14 потврдени случаи.

Претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски, исто така рече и дека се препорачува забрана за прием на невакцинирани деца за пертусис во градинките.

Оваа препорака ќе важи и за децата кои веќе одат во градинка, но и за оние што првпат ќе се запишуваат.

Заразноста од голема кашлица не е долга, трае околу пет шест дена. Инкубацискиот период може да се движи од седум дена до 21 ден.

Надлежните сепак велат оти кај нас состојбата е стабилна и за разлика од други држави во регионот немаме смртни случаи.