ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ОПАСНО Е – Ќе се прогласи ли епидемија во Скопје? Доктор Лазаров...

ОПАСНО Е – Ќе се прогласи ли епидемија во Скопје? Доктор Лазаров смета дека сме под сериозен ризик

830

Комисијата за заразни болести денеска ќе заседава, а едно од прашањата кое ќе се најде пред нив е и дали да се прогласи епидемија на голема кашлица во Скопје, со оглед дека расте бројот на заразени.

Досега потврдени 12 случаи на голема кашлица во земјава, 10 се во Скопје и најалармантна е состојбата во општина Аеродром каде има 8 потврдени со голема кашлица.

Доктор Ненад Лазаров, како и повеќето лекари, смета дека вакцинацијата е клучна.

– Вакцините за пертусис не штитат толку долго колку што би сакале ние, постои потреба од обновување на 10тина години. Пред сериозен ризик сме да има поголемо ширење бидејќи се работи за исклучително заразна болест, предупреди тој.

– Сите референтни институции препорачуваат трудниците да се вакцинираат помеѓу 27 и 34 со цел да му овозможат имунитет на новороденото од првиот здив. Пертусис е пресериозна болест за новородено, доколку заболат, 9 од 10 бебиња до 3 месеци ќе бидат хоспитализирани на минимум една недела, а кашлицата трае со месеци, тоа не е обична кашлица, како тоа драматично изгледа и звучи сами гуглајте ако сакате да видите зошто се вика магарешка. Има начин и безбеден е, порача тој алудирајќи на имунизацијата.

ПретходнаЛошите вести брзо се проширија: На детската клиника во Скопје е хоспитализирано бебе со голема кашлица – грипот зема замав
СледнаГолема трагедија: Во пожарите кои ја зафатија Македонија загина едно лице – ова се деталите