ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Левица кандидира жена кандидат за претседател – еве која

Левица кандидира жена кандидат за претседател – еве која

207

Претседателски кандидат на Левица ќе биде професорката Билјана Ванковска, соопшти денес лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

– Денес е голем ден за нас како Левица и за првпат обзнануваме наш претседателски кандидат, а тоа е професорката Билјана Ванковка и мислам дека го имаме најдобриот кандидат. Сметаме дека партијата достигна до ниво и дека ќе го полага матрурскиот испит со собирање на 10.000 потписи – рече Апасиев.

Лидерот на Левица додаде дека тој и сопартијците како млади политичари чувствувале должност да извадат свој кандидат за претседателски избори.

– Сметаме дека е дојдено времето народот да препознае кој се бори чесно за интересите на Македонија. Дека со избор помеѓу двете помали зла стигнавме до ова дереџе и мислам дека ние како млада генерација на атипични политиари чувствуваме должност да извадиме кандидат за претседателски избори. После нашите внатрепартиски анкети каде што имаше повеќе имиња во игра, најдобриот скор го имаше професорката БВанковска. Фрламе ракавица на мејнстрим буржоаските партии кои ќе се натпреваруваат со нас – додаде тој.

ПретходнаНајстарата жена на светот почина на 125 години
СледнаКаков хорор ја потресе Македонија: Маж си ја запалил куќата, а потоа зафатен од пожар скокнал во бунар – загинал веднаш