ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Голема трагедија: Во пожарите кои ја зафатија Македонија загина едно лице –...

Голема трагедија: Во пожарите кои ја зафатија Македонија загина едно лице – ова се деталите

777

Регионалниот ЦУК Куманово извести дека пожарникарите од Ранковце пронашле настрадано лице при гаснењето на пожар на отворено при интервенција синоќа во атарот на с. Псача. Опожарена била сува трева со површина од околу 0,4 хектари.

Настраданото повозрасно лице го загубило животот најверојатно заради гушење од чад.

На местото на настанот увид вршеле екипата на СВР и медицинската екипа.

Од десетина пожари на отворено во последното деноноќие како активни се три: над с. Лешница (Општина Желино), пожарот на панината Жеден и шумски пожар во атарот на с. Јамиште (Општина Пробиштип).