ПОЧЕТНА СВЕТ Војната во Изреал нема да трае уште долго – Нетанјаху најави дека...

Војната во Изреал нема да трае уште долго – Нетанјаху најави дека за брзо ќе го „среди“ ХАМАС

83

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на состанокот на фракцијата Ликуд изјави дека за поразот на Хамас „ќе биде потребно време, месеци, а не години“, објавија израелските медиуми.

„Нашата цел е целосна победа над Хамас. Ќе го убиеме раководството на Хамас“, вели тој.

Сугерира дека мора да се продолжи со борбата во сите области на Газа.

„Затоа мора да продолжиме да дејствуваме во сите области на Појасот Газа. Не смееме да ја завршиме војната пред тоа“, рече Нетанјаху, според „Ерусалим пост“.