ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Османи: Сега ви е чудно, ама кога ќе има ВТОР премиер Албанец...

Османи: Сега ви е чудно, ама кога ќе има ВТОР премиер Албанец – тогаш ќе се случуваат други работи

264

Министерот за надворешни работи и потпретседател на ДУИ, Бујар Османи оценува дека ова сега не е техничка влада која раководи со државата.

-Ја видовте одлуката на Собранието, се избира премиер и влада. Нема таков поим техничка влада. Временскиот период само дава таков времен период, инаку по капацитет владата е со ист капацитет, како и претходната. Владата е со фул капацитет, рече Османи во емисијата „Студио 10“.

За прославата за поставувањето на Талат Џафери како прв премиер Албанец, Османи вели дека е голем успех за државата.

-Прв премиер Албанец не беше концепт само Албанците да си го добијат заслуженото право, туку и државата да стане еднаква за сите граѓани. Имаше т.н. зони на етнички монопол и тие беа целосни до пред Рамковниот договор. Гледам дека се уште има незадоволство кај Македонците и на интеграциите гледаат како на непријателски чин. Алтернативата на интегрирањето е дезинтегрирањето. Сатанизацијата која што се прави кон ДУИ има партиско-политички карактер. ДУИ е најдржавничката партија во земјава, смета шефот на македонската дипломатија.

Тој е дециден дека ДУИ не партизираше, туку интегрираше.

-Кога ќе има втор премиер Албанец, нема веќе да биде тема и ќе се нормализира работата. Претседател на Собрание денес е Јован Митрески и никој не коментира дали треба да биде Македонец или Албанец. Се уште гледаме зони на етнички монопол и се врв на таа етничка доминација, но полека се топат, наведува Османи.

ПретходнаКАКОВ ХОРОР: Гореа живи – загинаа над 100 луѓе и неколку стотини се водат за исчезнати, по страшниот пожар кој го зафати Чиле
СледнаСитуацијата КУЛМИНИРА: Куршум во дворот на Таравари – веднаш реагираше полицијата