ПОЧЕТНА СВЕТ КАКОВ ХОРОР: Гореа живи – загинаа над 100 луѓе и неколку стотини...

КАКОВ ХОРОР: Гореа живи – загинаа над 100 луѓе и неколку стотини се водат за исчезнати, по страшниот пожар кој го зафати Чиле

586

Чилеанскиот претседател Габриел Борич од денеска прогласи дводневна национална жалост во спомен на жртвите од шумските пожари во регионот Валпараисо во централно Чиле.

Во пожарите загинаа најмалку 112 лица. Се стравува дека бројот на жртви би можел да биде поголем, додека пожарникарите изутринава продолжиле со гаснење на 40 активни пожари. Околу 1.

400 пожарникари и 1. 300 војници и доброволци четврти ден по ред беа ангажирани во гаснењето на шумските пожари кои го зафатија централниот и јужниот дел на Чиле.

Претседателот Борич, кој синоќа ги посети погодените области изјави дека тоа е една од најголемите трагедии од 2010 година, кога земјата беше погодена од земјотрес во кој загинаа повеќе од 500 луѓе.

Помеѓу три илјади и шест илјади куќи беа оштетени или уништени во пожарите. Уништени се околу 43 илјади хектари шуми.

ПретходнаДали и верувате на оваа анкета: Повеќе од половина Македонци немаат пари за одмор
СледнаОсмани: Сега ви е чудно, ама кога ќе има ВТОР премиер Албанец – тогаш ќе се случуваат други работи