ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Дали и верувате на оваа анкета: Повеќе од половина Македонци немаат пари...

Дали и верувате на оваа анкета: Повеќе од половина Македонци немаат пари за одмор

237

Над половина од Македонците не можат да си дозволат годишен одмор, покажува анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“, базирана на податоци на Евростат.

Еднонеделен годишен одмор надвор од местото на живеење не можат да си дозволат 55 проценти од жителите на земјава.

Полошо од нас во Европа стојат Албанија каде што 58,3% од граѓаните не можат да одат на одмор, Турција (60,8%), Романија (62,5%), Црна Гора (67,2%) и Косово (69,5%).

Во Грција процентот на луѓе кои не можат да си дозволат годишен одмор е 48,8, во Бугарија 43,8, во Србија 43,6, Хрватска 41,7, а во Словенија 16,7.

Одмор подолг од една недела во текот на годината најмногу можат да си дозволат жителите на Луксембург каде што таква можност немаат само 7,6 отсто, во Норвешка (7,9%), Швајцарија (8,4%) и во Исланд (8,6%).

На одмор не можат да одат и 21,9% од Германците, 23,4% од Британците, 25,4% од Францусите и 36,6% од Шпанците.

ПретходнаНови детали од пресметката во Тетово: Директор нападнат со кундак – додека бил со фамилијата на вечера
СледнаКАКОВ ХОРОР: Гореа живи – загинаа над 100 луѓе и неколку стотини се водат за исчезнати, по страшниот пожар кој го зафати Чиле