ПОЧЕТНА СВЕТ ВИДЕО: Детско тело е најдено забетонирано во магацин, се бараат уште две...

ВИДЕО: Детско тело е најдено забетонирано во магацин, се бараат уште две исчезнати деца – ужас го потресе светот, но и Колорадо

280

Тело на дете било пронајдено закопано во бетон во магацин во Колорадо, а официјалните лица во Пуебло објавија дека бараат уште две деца како дел од истрагата за убиство.

Остатоците биле откриени откако некој пронашол метален контејнер во магацинот, кој бил наполнет со бетон на 10 јануари, соопшти вчера полицијата.

Полицијата во Пуебла трага по две деца, кои имале пет и три години кога последен пат биле видени во 2018 година. Полицијата сака да се увери дека Хесус Домингез, кој би имал десет години, и Исениа Домингез, којa би ималa девет години, се безбедни.

Идентитетот на жртвата ќе биде објавен од страна на округот Пуебло, откако ќе ги известат членовите на семејството.

Полицајците не објавиле никакви информации за возраста на жртвата или кога се верува дека детето починало.

Инспекторите интервјуирале две лица во интерес на случајот.

Пуебло е град со околу 110.000 жители и се наоѓа на 72 километри јужно од Колорадо Спрингс.

ПретходнаПуштен на слобода Гани Марку, осомничен за двојното убиство во „Шиша бар“ и ликвидацијата на Оки во Грција
СледнаГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: Толку млад, почина познатиот пејач Давид – имаше само 37 години