ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Хаос вечерва во Тетово: Физичка пресметка меѓу сопартијци на АА, едни на...

Хаос вечерва во Тетово: Физичка пресметка меѓу сопартијци на АА, едни на страна на Села, други на Таравари

315

Несогласувањата ескалираат во тепачки, приврзаниците на Арбен Травари посегнаа по насилство откако денеска на прес-конференција поранешниот претседател на Алијанса за Албанците, Зијадин Села најави разрешување на Тараври од функцијата претседател на партијата, пишува Клан.

Денеска во ресторанот Седра во Тетово, Кенар Османи, близок соработник и подржувач на Арбен Таравари и водач на балистите со тупаници го нападнал Дритон Небиу, директор на Агенцијата за управување со одземен имот.

Дритон Небиу за „Клан Македонија“ потврдува дека денеска имало тепачка во Тетово, каде и самиот бил нападнат од Кренар Османи.

„Да, веста е точна, ме нападна Кренар Османи“, кратко изјави Дритон Небиу.

Небиу претходно застана против едностраната одлука на Таравари на претстојните избори да настапуваат во коалиција со албанската опозиција.

Како што претходно изјавија високи функционери на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари донел индивидуална одлука, без консултации со партиските органи, да коалицира со албанската опозиција, на која се спротивставуваат партиските ветерани кои инсистираат да се натпреваруваат сами на изборите на 8 мај.

Претседателот на Централното собрание на Алијанса за Албанците, Зиадин Села на конференција за медиуми од партиското седиште во Тетово рече дека е злоупотребена заложбата и потта на луѓето од АА.

– „Ја дадовме нашата крв, жртвата и потта на луѓето на кои им веруваме, а денес констатирам дека тоа е злоупотребено. Сакам да бидам транспарентен пред Албанците и пред шефовите на ограноците, носејќи им ја пораката, сакам што поскоро да го повикам Централното собрание затоа што доаѓаат избори“ – рече Села