ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Голем удар за ДУИ: Таравари со јасна порака – време е албанската...

Голем удар за ДУИ: Таравари со јасна порака – време е албанската опозиција победи

264

Претседателот на Алијансата на Албанците Арбен Таравари попладнево на фејсбук најави дека од Собранието на неговата партија ќе побара да влезат во коалиција со здружената Албанска опозиција.

Ова би значело дека АА на избори ќе учествува заедно со партиите на Меџити, Касами и Гаши.

– Безрезервно верувам во моите сопартијци и во нашата заедничка визија и ја барам нивната нивната доверба Алијансата на Албанците да влезе во изборната трка заедно со албанската опозиција и заедно да направиме најдобро за државата. – напиша Таравари на фејсбук.

Тој најави дека оваа коалиција ќе испише историја со тоа што ДУИ по подолго време ќе падне од власт.

– Многумина читаат историја, но ретко имаат шанса да пишуваат историја. Денеска ја имаме оваа шанса веднаш. Ајде да бидеме оние што испишуваат историја. – поентираше Таравари.

Бонус видео: Почина најубавата жена на Боливуд, имаше само 32 години..