ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Од понеделник голем хаос во здравството: Ќе нема плати, рецепти, лекови..

Од понеделник голем хаос во здравството: Ќе нема плати, рецепти, лекови..

2230

Oд понеделник хаос во здравствениот систем. Вработените во Фондот за здравство наместо на работните места ќе бидат на улица за да го изразат незадоволството за можното намалување за 21отсто на платите.

Тоа значи дека ќе запрат сите услуги. нема да има рецепти, упати и исплаќања за породилно и боледувања…единствено за прием на документи, како што информираат од Синдикатот, ќе има само по еден вработен во подрачните единици.

Според синдикатот на Фзом, со одлуката за намалување на платите ќе бидат засегнати повеќе од 830 вработени и ако има намалување на платите, 25 проценти ќе добиваат плата под минималната, а 25 проценти колку минималната плата.

ПретходнаГолем успех сподели министерот Меџити: Над 61.000 граѓани вакцинирани против сезонски грип
СледнаУЖАС: Почина 19-годишник во Клиничкиот центар во Скопје