Во Кина е регистриран смртен случај од инфекција предизвикана од комбинација на два соја на птичји грип, Х3Н2 и Х10Н5, соопшти кинеската Национална управа за контрола и превенција од болести, додавајќи дека во прашање е пренос меѓу видови, но дека ризикот од пренесување од човек на човек е низок.
Една постара жена од провинцијата Анхуи, која имала и други болести, пријавила дека развила кашлица, болка во градите, треска и други симптоми на 30 ноември и починала нешто повеќе од две недели подоцна на 16 декември, се вели во соопштението на кинеската Национална управа за контрола и превенција од болести.
Тестирањето на блиските контакти на 63-годишната жена било негативно, се наведува во соопштението и се додава дека не се пријавени други случаи на заболени од споменатата комбинација на соеви на птичји грип.
Анализата на секвенците на целиот геном на вирусот покажа дека вирусот Х10Н5 е од птичјо потекло и дека нема способност ефикасно да зарази луѓе, соопшти управата.
Регистрираниот смртен случај, според Кинеската национална администрација за контрола и превенција на болести, претставува редок пренос на вирусот меѓу видовите, од птица на човек.
Веста која ги шокираше сите, момче во Аеродром и ја соблекол долната облека на соученичка од второ одделение: