ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Лошата вест брзо се прошири низ цела држава: ЕДНО лице загина, над...

Лошата вест брзо се прошири низ цела држава: ЕДНО лице загина, над 20 се ПОВРЕДЕНИ во страотна сообраќајна несреќа

2680

Едно лице го загуби животот, а дваесеттина лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што попладнево се случила на регионалниот патен правец Битола-Демир Хисар.

Според првичните информации до кои дојде дописникот на МИА од Битола, станува збор за судир меѓу патничко моторно возило и автобус на компанија која превезувала работници од Битола кон населените места во Демир Хисар.

Во директниот сообраќаен судир меѓу патничкото моторно возило и автобусот на излезот од Битола, на местото на сообраќајката загинал возачот на патничкото моторно зозило, тешко е повреден совозачот, а повредени се и патниците во автобусот.

Се очекува СВР Битола да излезе со официјално соопштение за тешката сообраќајна несреќа во Битола.

Погледнете го видеото за кое зборува цел Балкан