ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА ГНЕВ од јавноста: Како е можно да се разреши директорка за време...

ГНЕВ од јавноста: Како е можно да се разреши директорка за време на техничка Влада?

5471

Неочекувано, попладнево е разрешена директорката за Клиниката за инфективни болести, д-р Милена Стевановиќ. Не се наведени причините за нејзината смена.

Нов директор на Клиниката за инфективни болести од попладнево е д-р Фадил Цана, кој е инфектолог на клиниката.

Д-р Милена Стевановиќ седум години беше директор на Инфективната клиника, опфаќајќи го и периодот на пандемијата со Ковид-19.

Новинарката Мирослава Симоновска накратко само напиша:

Нели бе нема разрешување док има техничка влада? Како тоа ја разрешиле директорката на Инфективна Клиника доктор Милена Стевановиќ?