ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Од воен дезертер од македонската Армија, па командант на УЧК, до премиер...

Од воен дезертер од македонската Армија, па командант на УЧК, до премиер на Македонија- кој е Талат Џафери?!

184

Командант Форина нов технички премиер на Македонија, од воен дезертер од Армијата токму на Македонија, до командант во УЧК, па преку собраниски спикер до највисоката политичка позиција во државата против која се бореше во 2001-ва година.

Тоа е Талат Џафери, наследникот на Димитар Ковачевски и технички премиер на Македонија, најмалку во наредните 100 дена.

Неговиот политички раст почнува веднаш по крајот на воениот конфликт. На 28 април, денот кога е извршен масакрот кај Вејце тој бил висок офицер во АРМ и дежурен командант во касарната во Тетово. Неколку дена подоцна ја напушта армијата и им се приклучува на албанските герилски единици, кои се бореа против македонските безбедносни сили, за неговите активности во овој период не се знае речиси ништо.

По крајот на конфликтот влегува во ДУИ и во три наврати од 2002-ра до 2004-та, од 2008-ма до 2013-та и од 2014-та до 2016-та беше пратеник во Собранието. Пратеничките денови на Џафери најмногу остануваат запаметени по неговото однесување околу законот за македонските бранители, каде своето незадоволство го покажуваше земајќи збор на седниците каде читаше поезија или долго молчеше.

Во периодот од 2004-та до 2006-та беше и заменик министер за одбрана. Во перидот од 2013-та до 2014-та беше и министер во ова министерство.

-Ќе придонесам Армијата на Република Македонија да во секоја нејзина димензија ја рефлектира реалноста на нашата држава да биде симбол на меѓуетнички соживот, изјави Талат Џафери кога стана министер.

На 27 април 2017 година беше изгласан за претседател на Собранието, а неговото речиси седум годишно шефување таму мина со низа скандали. Еден од примерите беше неговото трпение, кое знаеше нагло да се намалува кога на собраниска говорница ќе се појави да говори пратеник на опозицијата.

Врева околку Џафери се крена и во врска со вработувањата на неговите две деца. Неговата ќерка добива работа во Надзорниот одбор за парното во Скопје, додека пак неговиот син работи како обвинител, симптоматично беше тоа што синот на Џафери полагал превосуден испит уште пред да заврши факултет.

61 годишниот Талат Џафери или познат и како командат Форина е роден во гостиварско, односно село Форино, од каде и го добива неговиот прекар.

Основно училиште завршил во соседното село Чегране, а средното го продолжил во Белград на Воената гимназија. Студирал на Воената Академија во Белград и Сараево, а постдипломски студии завршува на Воената академија во Скопје.

Погледнете го видеото за кое зборува цел Балкан:

ПретходнаВеќе и официјално: Талат Џафери е премиер на Македонија
СледнаВонредна вест вечерва: Земјотрес почувствуван во Штип и околината