ПОЧЕТНА СВЕТ За само 24 часа: Загинаа 174 Палестинци, има луѓе под урнатините

За само 24 часа: Загинаа 174 Палестинци, има луѓе под урнатините

75

По израелските напади има нови цивилни жртви во Газа. Уште 174 Палестинци загинаа во израелските напади врз Појасот Газа во последните 24 часа, со што бројот на жртвите е зголемен на 26.257. За 24 часа, ранети се 310 луѓе.

Досега 64.797 луѓе се повредени, соопшти Министерството за здравство управувано од палестинската терористичка група Хамас.

Податоците на Обединетите нации(ОН), покажуваат дека поради израелската офанзива, 85 отсто од населението на Појасот Газа е внатрешно раселено и се соочува со недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена. Од 7 октомври лани, Хамас и Израел се во војна откако палестинската терористичка група изврши напад на израелска територија.

Бонус видео: Манастир бил реновиран и направен ресторан за свадби – невестата и младоженецот првата брачна ноќ ја поминаа во болница.

ПретходнаЕстрадата во ШОК: Почина познатиот македонски пејач – имал закажани настапи до крајот на месецот
СледнаКАКОВ ШОК: Албанската опозиција наместо на избори – најави дека ќе ја блокира Македонија, ова е причината