ПОЧЕТНА МАКЕДОНИЈА Српскиот музичар Ѓорѓе Давид учествувал во сообраќајката кај Табановце – во која...

Српскиот музичар Ѓорѓе Давид учествувал во сообраќајката кај Табановце – во која загина 49-годишна кумановка

209

Музичарот Ѓорѓе Давид, член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, наводно учествувал во сообраќајна несреќа што се случила во Македонија, на автопатот Куманово – Табановце, во која загина 49-годишна жена од Куманово. Сообраќајната несреќа се случи синоќа околу 20 часот.

„Во сообраќајната незгода учествувале „фолксваген поло“, патничко возило „голф“ и патничко возило „Опел инсигнија“ за кое постои сомневање дека го управувал Ѓорѓе Давид“, велат извори за српските медиуми.

Од повредите во незгодата починала 49-годишна кумановка, која била сопатничка во возилото „поло“. Две лица се тешко повредени, а како што неофицијално дознава српски Курир, рокерот бил пренесен и во кумановската болница, каде што му е укажана помош и е стабилен.

Бонус видео: Невремето направи хаос на патиштата во Македонија